Радио Милева

„Некогаш безгрижноста беше прочистувач на воздухот“: За Адријана Алачки новогодишната елка во домот е повеќе од украс! (фото)

„Некогаш безгрижноста беше прочистувач на воздухот“: За Адријана Алачки новогодишната елка во домот е повеќе од украс! (фото)
фото:адријана алачки/инстаграм

Со почетокот на месец декември и крајот на годината која полека изминува, главен фокус на улиците и во домовите има празничната декорација, а централно место зазема новогодишното дрво или елката која за многумина има посебна енергија.

Елката е повеќе од украс и ни навира убави чувства, а на неа не се радуваат само децата, туку и возрасните кои  секоја година за време на китењето евоцираат спомени од годините наназад.

ТВ водителката и пејачка Адријана Алачки ја накити својата елка со сини украси и на Инстаграм ја објави фотографијата, но со намера да се заблагодари на животот и Бога што ги живее овие моменти.

фото:адријана алачки/инстаграм

-Сликата се уште ми е пред очите, мајка ми, татко ми, елката, брат ми и сестра ми, како филм од 60-тите… Китењето на елката го доживувам како посебен ритуал. Ме потсетува на среќното детство, на топлината во домот, среќни мигови поминати со родителите и безгрижноста која беше прочистувач на воздухот. Се тече, се менува, сега јас ја китам за моите деца, да и колку и да се возрасни за мене се мои деца. За внуката Јана, среќна сум, му благодарам на Бога, ми даде можност да имам на коги и за кого.Богата сум! Ти благодарам животе!- пишува Алачки во својата објава.

фото:адријана алачки/инстаграм

На животот треба да бидеме секојдневно благодарни, а новогодишната магија во овој период на годината само посилно да не освестува за вистинските богатства кои се во нашите раце и срца!

Останати вести од Радио Милева