Радио Милева
Другото лице под козметиката

„Не се срамете од оваа ситуација“: Зои Блаж објави храбра фотографија за која многу девојки никогаш не би се осмелиле (фото)

„Не се срамете од оваа ситуација“: Зои Блаж објави храбра фотографија за која многу девојки никогаш не би се осмелиле (фото)
фото:зои блаж/инстаграм принтскрин

Пејачката Зорица Блажева или Зои Блаж како што и е уметничкото име, оддамна не е активна.

Од музиката и пеењето се префрли на шминкањето, па ако нема нови песни, не значи дека дозволи да биде заборавена во јавноста. Таа неодамна му кажа „да“ на својот избраник, ракометарот Тадеј Матијашиќ и по неколкугодишна врска ја официјализираа љубовта со свршувачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoi Blaz Official (@zoi.blaz)

Зои постојано на својот Инстаграм објавува фотографии од своите шминкерски дела на своето и на лицето на своите клиентки, но овој пат сакаше да го покаже другото лице под козметиката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoi Blaz Official (@zoi.blaz)

-Со оваа порака сакам да им кажам и пружам подршка на сите девојки што имаат проблем со акните… Не се срамете од оваа ситуација , сакајте се себе онакви какви што сте , излезете надвор со крената глава и без шминка , кога ќе ве праша некој еј што ти е со лицето, насмевнете се и кажете им: Ќе помине … И ако имате проблем со акните и неможете да ги излечиме толку брзо , морате да имате трпение , самодоверба , да ширите љубов бидејќи и тоа е еден вид на лекување … Не се замарајте со негативни коментари и не им забележувајте на таквите …. За оние што сакаат да не прашаат во врска со лицето:  Бидете помеки не не повредувајте – прашајте не дали имаме болка , како сме , дали треба да ни помогнете … Бидејќи ако не напаѓате и навредувате покажувате колку сте нелуѓе ….. Девојки заедно сме посилни , во секое време пишете ми , ве сакам, пишува Зои охрабрувајќи ги сите девојки и жени кои имаат ваквов проблем да бидат храбри и самоуверени за она со кое се соочуваат со својата кожа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoi Blaz Official (@zoi.blaz)

Објавата на Зои во знак на поддршка се најде и на „стори“ приказните кај: Тамара Тодевска, Јана Бурческа, Александра Јанева…

Останати вести од Радио Милева