Радио Милева

„Не се срамам“: Вака пред 7 години изгледаше Теа Трајковска на матура (фото)

„Не се срамам“: Вака пред 7 години изгледаше Теа Трајковска на матура (фото)
фото:инсатграм/театрајковска

Младата и талентирана пејачка Теа Трајкова која неколку години е новата надеж на македонската забавна музичка сцена, се присети на деновите кога беше матурантка.

Судејќи по нејзиниот изглед, можеби помислувате дека тоа било минатата година, но Теа веќе брои седум години откако ја зема дипломата за завршено средно образование.

фото:театрајковска/инсатграм

Оттогаш помина многу, а Теа успешно го продолжи и заврши понатамошното образование на музичката академија во Скопје.

Па така, во периодот на матурските прослави и годишнини од матура, Теа во постарите фотографии ги побара токму оние од нејзината матурска вечер.

Тогаш имала долга црвена коса, некој килограм повеќе и доста впечатлив изглед за матурската.

-Среќна сум што спаѓам во тие што не се срамат од тоа како изгледале на матурата, пишува во описот на една од фотографиите.