Радио Милева

„Не се срамам“: Популарната ѕвезда на Гранд признва дека чисти свињарник!

„Не се срамам“: Популарната ѕвезда на Гранд признва дека чисти свињарник!
фото:принтскрин/јутјуб

Местото Самариновац кај Житораѓа, пред популарноста на пејачката Александра Младеновиќ, беше скоро непознато. Нејзината слава го направи ова село денес познато на сите.

Александра е позната по тоа што е горда на своето потекло, а честопати кога престојува во своето село, работи на терен и учествува во сите домашни работи.

фото:инстаграм

– Не се срамам да кажам дека го чистам свињарникот, го плевам кромидот и ги бирам пиперките. Имаме голема стаклена градина и сè што треба помош, јас трчам. Не се срамам затоа што во спротивно би се срамала од местото во кое пораснав и најмногу го сакам тоа на светот. За мене, ова е центар на светот и ниту една светска моќ не може да ме промени. Среќна сум што го направив тоа, но имав цел – рече пејачката за српски „Курир“.

Исто така, мајката на „Гранд Ѕвездата“ истакна дека Александра покажала интерес за земјоделски работи уште од мали нозе.

фото:инстаграм

– Уште од млада возраст таа научи да сади лубеници и дињи, тоа праваше. Веќе не е така, но таа поминуваше неколку часа на ден на нива. Пееше и садаше овошје и зеленчук – рече мајката на Александра за споменатиот медиум.

Останати вести од Радио Милева