Радио Милева

Не се откажаа и успеаја: Сопругата на Алек Болдвин по два спонтани абортуси успеа да го роди петто дете (фото)

Не се откажаа и успеаја: Сопругата на Алек Болдвин по два спонтани абортуси успеа да го роди петто дете (фото)
фото:хиларија болдвин/принтскрин/инстаграм

Холивудскиот глумец Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија добија уште еден син.

Тие беа упорни и истрајни во намерата да добијат петто дете по дватата спонтани абортуси кои ги имаше Хиларија. Сепак, за нив важеше онаа народната трпение, спасение, па нивниот син сега го држат во раце.

„Минатата ноќ добивме бебе. Совршен е и не можеме да бидеме посреќни. Останете со нас и дознајте го името“, напиша Хиларија во опис на фотографијата на која во болнички кревет го држи бебето, а Алек седи покрај нив.

Минатата година беше тешка за Болдвинови. Хиларија имаше два спонтани абортуси во период од седум месеци. Но сепак Алек неодамна откри дека сакаат да имаат што повеќе деца.

 

View this post on Instagram

 

We had a baby last night. He is perfect and we couldn’t be happier ?. Stay tuned for a name?

A post shared by Hilaria Thomas Baldwin (@hilariabaldwin) on

„Ако имате деца и ако сте како нас, понекогаш се чувствувате како да не можете да престанете. Секој пат кога ќе добиеме дете, помислуваме: Ова е одлично, да имаме уште“, објасни глумецот.

 

Инаку, Алек ја има и 24-годишната ќерката Ајрланд со бившата сопруга Ким Бесинџер.

Останати вести од Радио Милева