Радио Милева
Среќен роденден!

„Не се договоривме вака“: Каролина Гочева за роденденот доби безброј честитки, ама онаа од Елена Ристеска славеничката не ја очекуваше (фото)

„Не се договоривме вака“: Каролина Гочева за роденденот доби безброј честитки, ама онаа од Елена Ристеска славеничката не ја очекуваше (фото)
фото:каролина гочева/инстаграм принтскрин

28-ми Април е денот кога е родена нашата популарна пејачка Каролина Гочева која вчера со чаша вино во рака го одбележа својот 41-ви роденден.

Изминатиот јубелеен роденден го прослави со мала карантинска забава, а ништо поразличен не беше ниту овој поради ситуацијата со пандемијата од ковид-19.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Претходниот ден роденден имаше нејзината колешка Елена Ристеска на која Каролина и честиташе со специјална порака и фотографија, а ниту сега Елена не и остана должна, па објави фотографија од приватна архива преку која и го честиташе роденденот на Каролина.

-Срце мое барам подобра фотка од твојата, не успеав ама затоа најдов нешто од нашата привата архива. Фотки кои му будат убави спомени и укажуваат на нашето убаво другарство . Вака да сме среќни и распеани цел живот убавице, затоа што љубовта е взаемна . Среќен роденден те сакам- пишува Елена, на што Каролина дополнето со емотикон од „смајли“ и врати:

фото:каролина гочева/инстаграм принтскрин

-Фала Лено, ама не се договоривме вака, и напиша Каролина.

На роденденските честитки им немаше крај, а мегу многуте се најде и онаа од сопругот на пејачката, уметникот Михаил Корубин, кој исто така преку фотографија на која се прегрнати и честиташе за нејзиниот ден.

фото:каролина гочева/инстаграм принтскрин

Среќен роденден Каролина!

Останати вести од Радио Милева