Радио Милева

„Не сакам да знам уште колку време ми останува“: Познатата актерка открива дека има 4 стадиум рак!

„Не сакам да знам уште колку време ми останува“: Познатата актерка открива дека има 4 стадиум рак!
фото:принтскрин/јутјуб

Оливија Њутон Џон (70) се бори со сериозна болест. Кон крајот на минатата година, дознала дека ракот на дојка се вратил по трет пат, а на шоуто „60 минути“, зборуваше за нејзината борба.

Оливија рече дека во моментот е во фаза на четврти степен на рак на дојка и дека нејзините шанси за заздравување се слаби.Таа признава дека не сака да знае колку време и останува:

– Кога ќе откриете дека имате сериозна болест, веднаш добивате временски распоред. Не сакам да верувам во овие ограничувања затоа што кога некој верува во нив, тие лесно можат да се остварат, верува таа.

Оливија сметаше дека е подобро за нејзиното ментално здравје да не ги знае предвидувањата на лекарот и таа започна да инвестира пари за истражување на алтернативни методи во третманот на рак.

фото:јутјуб принтскрин

За таа цел, таа продала кожна јакна и панталони што ги носела на „Брилијантин“ за да инвестира пари во истражување за третман на рак со канабис.

Самата актерка користи канабис за лекување на нејзината болест и вели дека и помага.

Оливија многу години се бори со карциномот на дојка. За прв пат и е отткриен во 1992 година.

Претходно, во годината, медиумите објавија лажни вести дека Оливија е мртва, кога таа се огласи велејќи дека се чувствува одлично и дека овие гласини се претерани.

Во септември 2018 година, таа за австралиската телевизија изјави дека лекарите во 2017 година откриле тумор во долниот дел на ‘рбетот (фаза четири рак на дојка што метастазира).

Останати вести од Радио Милева