Радио Милева

Не остана должна: Снеже Велков ја прокоментира грешката на белоруското жири (фото)

Не остана должна: Снеже Велков ја прокоментира грешката на белоруското жири (фото)
фото: Принтскрин/инстаграм

Впечатоците и импресиите за 64-то издание на Евровизија не престануваат.

Тамара Тодевска со песната „Proud“ не претстави на Избор за песна за Евровизија, а позитивните коментари за нејзиниот настап не престануваат.

Нејзините колеги и колешки од Македонија и од регионот ја подржаа нашата пејачка, а многумина ја нарекоа и морален победник.

Тодевска на Евровизија според гласањето на жирито во сабота го освои второто место, а според публиката осмото место.

Меѓутоа, само неколку дена по финалето се случи пресврт.

Имено, ЕБУ објави дека поради грешка во гласањето на белоруското жири, нашата преставничка е прва од гласовите на стручното жири, а според публиката е на 7 место.

фото: Принтскрин/инстаграм

Овие убави и радосни вести ги сподели и самата Тамара на своите социјлани мрежи.

Меѓутоа, македонската водителка Снеже Велков  не остана должна, па ја прокоментира грешката на жирито.

Велков во кратките приказни на „Инстаграм“ прво сподели фотографија од гласањето во саботата, па во описот напиша:

„Значи да се потсетиме, први сме“.

фото: Принтскрин/инстаграм/снежевелков

Потоа, таа се пошегува на сметка на белоруското жири објавувајќи фотографија со објаснување:

„Ало, ај донесете ми го Белорусинот што утнал гласови…со кечап и мајонез“ се пошегува Снеже во нејзин стил.

фото: принтскрин/инстаграм/снежевелков

За потсетување, досега е ова е најдобриот пласман на Македонија на Евросонг.