Радио Милева
и пркоси на годините

Не ја покажува во јавност: Вака изгледа мајката на Калиопи (фото)

Не ја покажува во јавност: Вака изгледа мајката на Калиопи (фото)
фото: инстаграм/калиопи букле

Калиопи Букле важи за една од најпознатите пејачки како во Македонија така и во регионот.

Таа често е активна на социјалните мрежи преку кои се дружи со љубителите на нејзината музика.

Откако зафати пандемијата со коронавирусот, Калиопи како и нејзините колеги е принудена на музичка пауза. Меѓутоа, таа овој период го искористи за да ужива во слободното време и да прави работи кои можеби не ги правеше поради професионалните обврски.

фото: инстаграм/калиопи букле

За време на последната година, таа се дружеше онлајн со фановите, се вклучуваше во живо, одржуваше онлајн концерти, па дури и натпревари.

Иако  Калиопи често е активна на „Инстаграм“ таа не го експонира своето семејство.

Меѓутоа, овојпат направи исклучок и македонската дива на социјалните мрежи објави фотографија од нејзината мајка и сестра.

„Добра страна на пандемијата – повеќе моменти како овој….Tи благодарам мамо што му пркосиш на времето и го чуваш младиот дух и го споделуваш со нас“, те сакам“, напиша Опи на фотографијата на која позира насмеана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)


Денес Калиопи од сестра си има една внука, додека од братот има двајца внуци.

Останати вести од Радио Милева