Радио Милева

„Не го видов да излегува“ – Соседот на Беквалац прозборе за кавгата која го потресе регионот

„Не го видов да излегува“ – Соседот на Беквалац прозборе за кавгата која го потресе регионот

Деновиве главна вест во медиумите е физичкото малтретирање врз Наташа Беквалац од страна на нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ. Како што пишуваат српските портали, Лука дошол пијан дома, а откако Наташа му пронашла љубовни пораки настанала кавга, па и тепање.

Беквалац завршила во Ургентен центар, а потоа и го пријавила сопругот.

Лука бил повикан на сослушување, а подоцна бил пуштен на слобода.

Инцидентот се случил во станот на пејачката, кој се наоѓа во елитната населба во српската престолнина. Новинарите ги посетиле соседите на Наташа, кои откриле дека ја слушнале кавгата.

фото: Драгана Удовиќиќ

„Слушнавме и не поддржуваме насилство, но кој знае што се случило. Не го познаваме Лука во такво издание, секогаш пријатно се поздравува, прашува како сме, што правиме. Жал ми е за овие луѓе, ги посрамоти, а тие се верувајте ми, најдобри соседи и добри луѓе. Не го видов да излегува, иако не би го прашал ништо, ниту сакам да дискутирам за тоа со него, изјавил сосед на Наташа.