Радио Милева

„Не е само готвење и перење“: Тијана Дапчевиќ во изолација е горда и исполнета домаќинка

„Не е само готвење и перење“: Тијана Дапчевиќ во изолација е горда и исполнета домаќинка
фото:тијана дапчевиќ/инстаграм

Пејачката Тијана Дапчевиќ важи за голем гурман, па секогаш уживала во „играта со шпоретот во кујната“.

– За мене нема голема разлика помеѓу вонредна состојба и животот воопшто, бидејќи работните домашни обврски секогаш сме ги извршувале сами. За мене е најлесниот начин е да готвам, а сега ова е можност за сите нас да ги испробаме сите рецепти во светот – вели Тијана, додавајќи дека нејзиниот син Вук и ’ја дал титулата најдобар готвач:

– Денес заклучивме дека готвам најдобро на светот. Тоа ми го кажа моето дете и тоа е доволно за мене. Јас сум доктор за лазања, тестенини, сосови, зготвени јадења … Веќе одамна сум позната како најдобра и во палачинки, бидејќи тоа е омиленото благо на Вук, уште откако за првпат ги вкуси.

фото:тијана дапчевиќ/инстаграм/преспав

На прашањето на српскиот поратл „Пулс онлајн“ дали е потешко да се биде готвач или пејачка, таа вели:

– Што и да правиме, ние мора да бидеме домаќини, затоа што кога се враќаме дома од работа, доаѓаме во куќа што некој треба да ја одржува. Јас имам голема почит кон сите што се определиле за домаќинството да им биде примарна работа, затоа што во никој случај не е „само готвење и перење“, туку пред сè е физички побарувачко. Од друга страна, верувам дека дури и за оние кои решиле да водат домаќинство, мојата работа не би била толку лесна.

Она што таа особено го чекала за време на изолацијата, е фарбањето велигденски јајца со својот син.

– До сега најмногу го поминувавме Велигден во Скопје или Сомбор, но овој пат го поминуваме во нашата куќа.

Останати вести од Радио Милева