Радио Милева
добро ли си... или не си?

Не е можно: Бугарската пејачка Галена „преку ноќ“ остаре!? (ФОТО)

Не е можно: Бугарската пејачка Галена „преку ноќ“ остаре!? (ФОТО)

Што ли и се случи на една од најзгодните и најпривлечни бугарска фолк пејачки, сексапилната Галена,  „преку ноќ“ да остаре!

Таа со овие фотографии ги шокираше своите обожаватели и следбеници, кои не можеа да им поверуваат на сопствените очи. Кожата на фолк ѕвездата е збрчкана и виси и е остарна.

Пејачката покажа екстремна смелост да се претвори и појави како баба пред нејзините обожаватели, но само за една употреба.

„Јас за 50 години“ – напишала Галена крај фотографијата објавена на социјалните мрежи.
За среќа, тоа е само сценска шминка што и ја ставија на пејачката за само неколку часа додека се снимаше видеото и фотосесијата за нејзиниот нов спот.

Галена песната ја испеа во дует со српскиот фолк мегастар Миле Китиќ и истата носи наслов: „Добро ли си?“

Баба или не, видеото на двајцата фолк уметници собрало половина милион прегледи веднаш по појавата за помалку од 24 часа.

Настрана што соработката покрај интернационалниот успех на песната ја проследи и меѓународна љубовна афера помеѓу двајцата фолкери, која на Миле „Циле – Миле“ Китиќ му ја извадија во Србија.

Па сега ти види: „Добро ли си?“… Или не си?!

 

Останати вести од Радио Милева