Радио Милева

Не е лесно да си и мајка и манекенка: Катарина Ивановска со дете во теретана (фото)

Не е лесно да си и мајка и манекенка: Катарина Ивановска со дете во теретана (фото)

Познатата манекенка Катарина Ивановска е горда мајка на две дечиња, синчето Вања и ќеркичката Кира со која се породи кон средината на месец септември.

Иако е во постпартум период, манекенката изгледа соврешно, како никогаш да не била бремена.

Неодамна во едно интервју, Ивановска откри дека изгледа добро благодарение на својата генетика, но и дека се храни здраво, односно дека меѓу оброците не се храни со разни калорични грицки.

фото: инстаграм/катаринаивановска

Меѓутоа, мама Кики е активна и кога станува збор за физичката кондиција, па често може да ја видиме во теретана каде што вежба.

Ниту мајчините обврски не ја спречуваат манекенката да тренира, па кога нема кој да го чува синчето таа го носи со себе во теретана, или пак можеби сака да му биде пример за здрав и физички живот.

фото: принтскрин/инстаграм

Имено, водителката Миа Костова ја снимаше Кики како вежба, а додека вежба во рацете го држи синчето Вања кој и прави друштво на мама.

фото: Принтскрин/инстаграм

Миа во описот на видеото  вели: „И после било лесно да се биде манекенка“ вели водителката, а на ова мама Кики само се насмеа и го покажа јазик.

фото: Инстаграм

Дефинитивно, не е лесно да си и мајка и манекенкa, но Кики секогаш знае да го спои убавото и корисно.

Останати вести од Радио Милева