Радио Милева
Никогаш доста

Навлечена: Тамара Тодевска направи уште една тетоважа (фото)

Навлечена: Тамара Тодевска направи уште една тетоважа (фото)
фото:тамара тодевска/инстаграм/принтскрин

Пејачката Тамара Тодевска не може да престане да го тетовира своето тело.

Неодамна во јавноста се крена голема прашина поради тетоважата која ја стави на својот струк, односно ја истетовира химната на Р. Македонија и тоа делот кој не го отпеја односно како што вели – делот кој го заборави.

фото:тамара тодевска/инстаграм/принтскрин

Откако го направи тоа, односно јавно го вети и исполни, Тамара беше во фокусот за разни коментари на социјалните мрежи, едни и се чудеа на храброста, а оние што не толку ја сакаат, повторно си најдоа причина да ја стават во негативна конотација.

Но, тетоважите станаа секојдневие за пејачката, а сега повторно стави нова, овој пат на раката, едноставна но симпатична- балонче.

фото:тамара тодевска/инстаграм/принтскрин

На химната и претходеше тетоважа со кокошка, која ја направија заедно со манекенката Катарина Ивановска, а пред тоа Тамара тетовираше микрофон на рамото…

фото:тамара тодевска/инстаграм/принтскрин

Оние кои еднаш ставиле тетоважа на својата кожа, добро ја знаат онаа дека тоа никогаш не завршува со една.

Секако, од ова „правило“ има исклучоци, но Тамара Тодевска не е меѓу нив.

фото:тамара тодевска/инстаграм/принтскрин

Добро познато е дека таа е голем љубител на тетоважите кои години наназад ги изработува кај Горан Мичиќ, каде е најредовен муштерија.

За потсетување, пејачката пред неколку години тетовираше и нешто поголем микрофон на ногата, а исто така за бурми избра тетоважа за неа и нејзиниот сопруг.

Останати вести од Радио Милева