Радио Милева

Наум Петрески станува дедо: Ќерката на познатиот пејач е бремена

Наум Петрески станува дедо: Ќерката на познатиот пејач е бремена

Ќерката на македонскиот пејач, Наум Петрески, Анастасија Петреска на почетокот на годината му кажа „да“ на  својот избраник Владимир Поповски, пејач на групата „Биоритам“.

По свршувачката, естрадниот пар не направи свадба. Меѓутоа, имаат голема причина за радување, а тоа е приновата во семејството.

Имено, Анастасија е бремена и во март следната година ќе стане мајка. Оваа вест за „Жеснки магазин“ ја потврди идниот дедо односно пејачот Наум.

„Многу сум радосен, немаше посреќен човек од мене кога Анастасија ми соопшти. Воопшто не ми беше важно дали ќе ни се роди внук или внука, но пресреќен сум што таа ќе роди девојче. Нека биде убава на мама и талентирана за музика на мама и на тато“, изјави Петрески.

Анастасија и Владимир нема да прават голема и гламурозна свадба. По раѓањето на бебето ќе направат приватна забава, а поканите ќе бидат за најблсиките.

Честитки.