Радио Милева

Наташа Беквалац по осум години откри во какви односи е со поранешниот сопруг Данило

Наташа Беквалац по осум години откри во какви односи е со поранешниот сопруг Данило
фото: принтскрин

Наташа Беквалац неодамна се разведе од Лука Лазукиќ кој физички ја нападна пејачката пред една година.

Беквалац сега проговори и за бракот со  Данило Икодиновиќ и откри во какви односи е со бившиот сопруг.

Имено, Наташа неодамна беше гостинка во емисијата „Амиџи шоу“ каде се потсети на некои анегдоти со нејзинот поранешен сопруг Данило, а сега пејачката откри во какви односи е со некогашниот ватерполист.

фото: принтскрин

„Кога станува збор за нашата ќерка Хана, нашиот однос е одличен. Она што не беше добро во нашиот брак ние го отстранивме со развод. Можам да кажам дека Данило е совршен татко. Ако некој посака развод, јас би им посакала нивниот развод да биде како нашиот и после разводот нивниот однос да биде како нашиот…Не веднаш, бидејќи има период каде што се е свежо, но кога двајца имаат заеднички интерес, а тоа е заедничкото дете, тогаш се функционира беспрекорно. Тоа е она што секој родител треба  да го прави, да ги стави емоциите на страна – ти не постоиш, а важно ти е детето“ вели Беквалац.

фото: Принтскрин

За потсетување, Наташа од бракот со Данило ја има ќерката Хана, а од бракот со Лука Лазукиќ ја има ќерката Катја.

Останати вести од Радио Милева