Радио Милева

Натали Грубовиќ славеше прв роденден на ќеркичката и покажа колку е порасната (фото)

Натали Грубовиќ славеше прв роденден на ќеркичката и покажа колку е порасната (фото)

Изминатиот викенд, односно во саботата поранешната Бинго девојка Наталија Грубовиќ го прослави првиот роденден на својата наследничка Натали. Гордата мајка многу ретко е активна на социјалните мрежи, но овој пат од овој значаен повод реши да објави фотографија од прославата како ја дрѓжи слатката Натали во рацете.

Среќен роденден ќерко моја, моја љубов, напиша Грубовиќ во описот на приложената фотографија.

 

View this post on Instagram

 

#happybirthday #mydaughter #mylove 🎂💖💝💗

A post shared by nataligrubovic (@nataligrubovic) on

Ако не се прочитале претходно, можеби ви стана чудно што нејзината ќерка се вика Натали, но тоа е одлуката на нејзиниот сопруг Дрен, а кога се роди и одлучија за нејзиното име, таа напиша:

Штом прв пат ја видов мојата ќеркичка, и во тек на првите ден, два, додека се уште размислувавме за името, и самата го добив чувството дека таа е токму родена Натали, дека името е како создадено за неа, изјави тогаш Натали.

Инаку, на 27-ми септември минатата година во една приватна скопска клиника ја донесе на свет својата и со сопругот се остварија во улога на родители.