Радио Милева

Натали Грубовиќ ретко открива детали од приватниот живот, но сега со посебна честитка јавно и се обрати на својата сестра

Натали Грубовиќ ретко открива детали од приватниот живот, но сега со посебна честитка јавно и се обрати на својата сестра
фото: принтскрин/инстаграм

Поранешната Бинго девојка Натали Грубовиќ пред две години за првпат се реализираше во улогата на мајка и на свет донесе девојче.

Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, Натали не сака многу да открива детали. По породувањето, таа некој период остана таинствена и не откриваше како ќе се вика нејзината ќерка.

Меѓутоа, потоа откри дека нејзиниот сопруг, бизинсменот Дрен Глушац, го имал последниот збор и одлучиле нивната ќерка да се вика Натали, а таа денес има две години.

фото: Принтскрин/инстаграм

И ден денес, Натали е резервирана за својот приватен живот, па не сака да многу да се експонира.

Меѓутоа, Натали не додржа јавно да и се обрати на својата сестра Марија и да го честита роденденот. Имено, во кратките приказни на „Инстаграм“,  Натали објави заедничка фотографија од двете, а во описот на фотографијата напиша: „Среќен роденден моја прекрасна драга сестро“ напиша екс водителката.

фото: Принтскрин/инстаграм

За потсетување, пред две години, сестрите Грубовиќ, Натали, Марија и Радица, направија семеен портрет и позираа покрај ќерките

фото: инстаграм

Марија прва доби своја наследничка, потоа Радица, а сега и Натали. Фотографијата екс-манекенката и Бинго девојка ја објави на социјалните мрежи, за сите да го видат нивното најголемо богатство.

Останати вести од Радио Милева