Радио Милева

Наследничката на македонската пејачка и водителка е копија на мама (фото)

Наследничката на македонската пејачка и водителка е копија на мама (фото)
фото:фејсбук/бојана скендеровски

Кон средината на 2017 година, пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски се оствари во улогата на мајка и на свет ја донесе својата прва радост – ќеркичката Искра.

На радоста и среќата им нема крај откако Бојана неодамна, односно кон средината на месец јули се породи по вторпат и стана мајка на синчето Ѓорѓи.

фото:фејсбук/бојана скендеровски

Малата Искра си доби братче, а кога ќе се родат бебињата, па и во периодот кога растат, најчестите коментари се на кого личи. За едни е исто на мама, за други на тато, трети на баба или дедо ама секој во семејството посакува наследникот да личи на него.

фото:фејсбук/бојана скендеровски

Велат дека ќерките најчесто личат на татковците, додека синовите на мајките. Бојана се уште не го покажала Ѓорѓи пред очите на јавноста, но затоа со фото доказ покажа на кого личи Искра.

фото:фејсбук/бојана скендеровски

Мама Бојана направи спој од нејзина фотографија кога била дете, со онаа на ќерка си, а споредбата и тоа на кого личи малата Искра е повеќе од јасна.

Останати вести од Радио Милева