Радио Милева
новата ѕвезда е откриена

Наследничката на Јелена Розга со неодолива понуда: Лидија Бачиќ со новото секси видео и еротски календар за 2021-ва, предизвика експлозија од страсти (ВИДЕО)

Наследничката на Јелена Розга со неодолива понуда: Лидија Бачиќ со новото секси видео и еротски календар за 2021-ва, предизвика експлозија од страсти (ВИДЕО)

За атрактивната Лидија Бачиќ велат дека полека ја симнува од не само од хрватската, туку и регионалната сцена веќе стеротипната и помалку „потрошена“ Јелена Розга.

Атрактивната „наследничка“ е и помлада од неа, со исто толку добар глас, привлечна, згодна, со тело како авион и бујни атрибути, зрачи со убиствен сексапил.

Хрватската пејачка чија популарност секојдневно расте, очигледно знае како да им се обрати на своите обожаватели и се’поголемиот број следбеници на социјалните мрежи, па неодамна ги промовираше новата песна и видеото за неа, со наслов: „Ради, ради, ради“, со кое предизвика вистинска (с)експлозија на страсти и бурни воодушевувања кај фановите.

Како и не би, кога во него Лидија е слободна, опуштена, доволно разголена, со секси танц  и еротски движења кои ги будат сите сетила.  Еротскиот набој пуштен на најјако, а возбудата дополнително ја зголемуваат до максимум, убавите разголени девојки и мускулестите момчиња кои статираат покрај неа во спотот.

Но, тоа не е се’ од Лидија … Летото измина, есента царува, а зимата е на прагот, а со тоа полека одминува и тековната година, па доаѓа новата 2021-ва. Затоа атрактивната Хрватка реши навреме да ги засука ракавите или поточно, одново да ги разголи бујните телесни атрибути и да сними секси календар за 2021-ва година, како подарок за своите обожаватели, кога за тоа ќе дојде време.

Како календарот дефинитивно ќе изгледа, се’ уште не знаеме, но судејќи по првите кадри… и оваа зима за расната хрватска пејачка и нејзините фанови „ќе биде жешка“.

Погледни го спотот, ѕирни во кадрите од снимањето календарот и види ја Лидија… Има и што да се слушне и што да се види!

Останати вести од Радио Милева