Радио Милева
Нина ја откри тајната:

Нашиот голман бранеше во чудни обувки: Во шарените патики на Борко пулсира уште едно срце… на терен! (ФОТО)

Нашиот голман бранеше во чудни обувки: Во шарените патики на Борко пулсира уште едно срце… на терен! (ФОТО)

Можеби некои забележаа, можеби некои не, но, нашиот прв ракометен чувар на мрежата Борко Ристовски на ЕП во Хрватска на мечот со Словенија бранеше во чудни спортски обувки. Шарени патеки, со сина основа и чудни искршени црвено жолти линии во чие продолжение беше испишано едно има… ама не неговото?!

И сите што го забележаа необичниот имиџ на обување на нашиот голман, беа изненадени и вчудовидени за каква тоа специјална едиција и за кој спортски бренд се работи? И што значат исцртаните искршени линии и зошто на патиките е испишано име кое не е неговото…?

Сето тоа можеби и ќе останеше енигма за пошироката јавност, да не беше неговата идна сопруга, која на својот Инстаграм профил стави неколку фотографии меѓу кои и онаа од патиките… Со појаснување за нивното значење, секако!

Шармантната идна мама Нина, онака, во блажена состојба, се фотографираше во еден од  репрезентативните голмански дресови на својот Борко. Бременоста не и дозволи да биде на трибините во Загреб, па затоа мораше да остане дома, покрај својот телевизор и во друштво на помалата сестричка да го проследи натпреварот со Словенија.

Претходно, фотографија од мистериозните патики на Борко на кои испишаното име е всушност идното име на се’ уште нероденото синче – Душан и пулсирачкиот ритам на неговото срце!

Таа дома, горда во дресот на својот човек, а тој на теренот или на клупата, сеедно, во патиките на кои стои она што е нивна заедничка гордост!  Колку да се знае дека во шарените патики на Борко пулсира уште едно срце… на терен! За идните мама и тато и секако… за Македонија!