Радио Милева

Нарасна трудничкото стомаче: Вака изгледа Нина Деан во првата бременост (фото)

Нарасна трудничкото стомаче: Вака изгледа Нина Деан во првата бременост (фото)
фото: принтскрин/инстаграм

Кон крајот на 2019 година, младата и шармантна актерка од Македонскиот народен театар, Нина Деан, откри дека во животот и се случило чудо од кое чувствува неизмерна среќа.

Таа за домашните медиуми откри дека чека дете заедно со нејзината прва љубов, Мартин,

фото: принтскрин/инстаграм

-Никогаш не било вака и сигурна сум дека Мартин се појави за да го исцртаме и затвориме кругот. Не се двоиме, се смеееме, се сакаме, едноставно знаеме дека сме еден за друг и тука нема некоја философија. Среќата не одбра нас а и ние неа. Бебето само е потврда дека нештата се таму каде што им е местото, вели Нина за „7 дена.мк“.

Актерката се уште не го откри полот на бебето, но пред некој период позираше со голо трудничко стомаче.

фото: принтскрин/инстаграм

Меѓутоа, деновиве Нина повторно позираше со големото трудничко стомаче како го милува со рацете, а оваа фотографија ја сподели во кратките приказни „Инстаграм“.

фото: принтскрин/инстаграм

Актерката ужива во првите месеци од бременоста, а најмногу на новото внуче се радуваат Гордана и Кили кои повторно ќе станат баба и дедо.

Гордана и Кили за првпат добија внуче кога нивната ќерка Јоана се омажи, а потоа роди син на Еквадор.

За потсетување, Нина покрај работата во МНТ, пред неколку месеци ја гледавме и во улога на водителка на македонското музичко шоу за таленти „Ѕвезда број 1“.