Радио Милева
Која е вистината?

Наоми Кампбел фотографирана месец дена пред да има ќерка: Дали роди, посвои или ја доби со сурогат мајка?!(фото)

Наоми Кампбел фотографирана месец дена пред да има ќерка: Дали роди, посвои или ја доби со сурогат мајка?!(фото)
фото:профимедиа

50-годишната манекенка Наоми Кембел преку Инстаграм објави дека го добила своето прво дете.
Она што ги заинтригира нејзините обожаватели е дали таа посвои бебе, го доби со помош на сурогат мајка или беше бремена.

фото:профимедиа

Сепак, Наоми беше фотографирана во Сохо, Њујорк, на 22 април, во опуштено издание, а на тие фотографии манекенката воопшто не изгледа бремена.

Таа беше фотографирана во колоритна тренерка, патики, имаше суканици на главата, како и маска. Носеше црна чанта, а можеше да се забележи прстен со голем дијамант.

фото:профимедиа

Според странските медиуми, британската манекенка живее во Њујорк и има момче со кое ќе израсне дете.

Да потсетиме, таа објави дека станала мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

– Прекрасен, мал благослов ме избра да бидам нејзина мајка. Толку ми е чест што ја имам оваа нежна душа во мојот живот, нема зборови да ја опишам врската што сега ја споделувам со мојот ангел. Нема поголема љубов од оваа – напиша Наоми.

Останати вести од Радио Милева