Радио Милева

Наместо во самоизолација, Александра Накова на базен во Гевгелија по што била уапсена

Наместо во самоизолација, Александра Накова на базен во Гевгелија по што била уапсена
фото:александра накова/принтскрин/инстаграм

Кога ќе реши да ја нема, Александра Накова како да исчецнува од пред очите на јавноста, но затоа пак кога ја има, тогаш е нешто ултра бомбастично, баш како во случајов.

Деновиве по домашните портали се пишуваше дека една македонска старлета која се забавуваше во Белград, се вратила во Македонија и е позитивна на Ковид-19 , а сега е во домашна самоизолација.

Не помина многу време, се појави веста дека манекенката Александра Накова Гајдаџиев е уапсена во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдуваат за „А1он“ од МВР.

Оттаму велат дека таа е спроведена во државен карантин, а ќе биде известен и јавен обвинител.

фото:александра накова/принтскрин/инстаграм

„На ден 02.07.2020 во 14:30 часот, на базен во Гевгелија, лишена е од слобода А.Г.(31) од Гевгелија, која не се придржувала на одлуката на Владата и решението за самоизолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат. По комплетирање на случајот, за А.Г. ќе биде изготвен поднесок за сторено кривично дело казниво по чл.205 и чл.206 од Кривичниот законик. Известен е Јавен обвинител, а лицето било спроведено во државен карантин“ – велат од МВР.

 

Останати вести од Радио Милева