Радио Милева
Наместо на Св. Валентин, во карантин...

Наместо љубов, добила отоци и модринки за денот на вљубените: Познатата хрватска старлета Ава Карабатиќ брутално изобличена? (ФОТО)

Наместо љубов, добила отоци и модринки за денот на вљубените: Познатата хрватска старлета Ава Карабатиќ брутално изобличена? (ФОТО)

Познатата хрватска старлета и претседателски кандидат на последните избори во Хрватска, Ава Карабатиќ вчеравечер на својот Инстаграм профил сподели фотографии со вознемирувачка содржина.

 

Имено, на фотографиите се гледаат нејзините големи модринки по целото лице и очите, а под нив напиша и детали за настанот.

„Крвав ден на вљубените“ – напишала Карабатиќ во својот опис под фотографиите, која наместо да оди некаде и да го прослави празникот Свети Валентин, завршила во болнички карантин.

Бројните фанови веднаш се загрижија за старлетата и ја прашаа што точно се случило, дел од нив напишаа и дека таа брутално била претепана, а хрватските и регионалните медиуми веднаш ја пренесоа веста.

Освен овие фотографии  во јавноста остана мистерија што и се случило на старлетата на Свети Валентин?

И тоа траеше се до утринава кога пред неколку часа Ава го сподели  најновиот пост и фотографија на својот Инстаграм профил, каде старлетата ја појасни ситуацијата.

„Не грижете се, не сум претепана, само нестручен тим за подочници, но отокците ќе спласнат за два-три дена, така што се е ОК.  Го сакам животот, нема реприза, така што ќе шириме љубов и не грижете се… се случува“ – објаснува Карабатиќ, зошто изгледа на фотографиите како да е фотографирана после насилнички чин.