Радио Милева

„Најсреќна…Конечно добра вест“: Милена Антовска има нов член во семејството

„Најсреќна…Конечно добра вест“: Милена Антовска има нов член во семејството
фото:милена антовска/станковска

Во време кога секојдневно се будиме со вести за коронавирусот кој не окупира максимално, убавите нешта кои попратно се случуваат се вистински дар од Бога.

ТВ водителката Милена Антовска Станковска секојдневно е на терен и директно вклучена во информирањето на граѓаните за состојбата со пандемијата во земјата.

Но, вечера Милена имаше еден многу поубав, розов ден.

фото:милена антовска станковска/инсатграм

Имено, таа стана тетка по вторпат, односно нејзиниот брат Благоја, и снаата Ања добија ќерка.

За Благоја, инаку познат и успешен македонски тапанар, ова е второ дете, а семејствто Антовски сега има уште едно девојче покрај малата Лана Марија.

Среќните новости гордата тетка ги сподели на социјалните мрежи, а честитките се редеа до недолглед!

Да е здрава и жива!

Останати вести од Радио Милева