Радио Милева
љубов во илегала

Најмладиот брат на Новак Ѓоковиќ во врска со сексапилната пејачка: Ѓорѓе „ја смува“ Теодора! (ФОТО)

Најмладиот брат на Новак Ѓоковиќ во врска со сексапилната пејачка: Ѓорѓе „ја смува“ Теодора! (ФОТО)

Најмладиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе, ја заведе пејачката Теодора Џехверовиќ! Тие наводно се заедно веќе четири месеци, но тоа го криеле од јавноста. Само им кажале на најблиските пријатели за врската, па Новак Ѓоковиќ сè уште не ја запознал својата нова снаа!

„Ѓоле и Теодора се запознале преку заеднички пријател на ручек во Белград и веднаш полетале искри. Размениле телефонски броеви, почнале да комуницираат и наскоро се ‘смувале’. Тие се заедно веќе четири месеци, но сè уште не сакаат да се претстават во јавност како двојка. Се обидуваат да не излегуваат заедно, туку да се видат во тајност во станот на Ѓорѓе во Нов Белград. Се согласија да ја кријат врската сè додека не стане сериозна, меѓудругото и затоа што не сакаат медиумите и папараците постојано да им бидат зад петици“ – вели добро информиран извор за српски Информер.

„Велат дека имаат убав однос и  слични интереси. Тие, исто така, започнаа да планираат заеднички одмор во текот на летото, сакаат да видат колку ќе се зближат кога не се разделуваат ниту за момент  на две недели. Ако се ‘оди добро, на есен ќе започнат да живеат заедно во станот на Ѓорѓе“ – вели соговорникот.

За разлика од неговата последна девојка Тијана Ралиќ, со која помина четири години и која веднаш ја запозна со семејството, Ѓорѓе сè уште не ја запознал Теодора со својата мајка Дијана, таткото Срѓан, браќата Новак и Марко, како и снаата Јелена. Најверојатно сите ќе се соберат на заеднички ручек пред Ѓорѓе и Теодора да заминат на море“ – ја резимира изворот својата приказна.

Фото: Инстаграм принтскрин/ Reuters/China Stringer Net

Останати вести од Радио Милева