Радио Милева

„Најдобриот подарок“: Mартина Михајловска ја објави првата фотографија од ќерката (фото)

„Најдобриот подарок“: Mартина Михајловска ја објави првата фотографија од ќерката (фото)
фото: принтскрин/инстаграм

Водителката на некогашниот естраден магазин „Бекстејџ“, моделот Мартина Михајловска кон крајот на месец април се оствари во улога на мајка.

Мартина и нејзиниот сопруг Виктор Илоски станаа родители на нивната ќерка Алана.

фото: принтскрин/инстаграм/мартинамихајловски

Тогаш убавите вести ги објави нејзиниот сопруг на социјалните мрежи не криејќи ја радоста.

„Љубовта на мојот живот се роди денеска Алана.Се што сум и се што имаме е твое!Да си ми жива и здрава, благословена од Бога, а за се друго тука е тато…Благословен и најсреќен ден во мојот живот. Мартина и мојата мала принцеза. Ве сакам двете бесконечно“, напиша тогаш Виктор.

 

фото: принтскрин/инстаграм

Меѓутоа, Мартина е резервирана за својата приватност,  па многу ретко објавува фотографии од својот приватен живот.

Сепак, сега направи исклучок и на „Инста стори“ сподели фотографија од нејзината ќеркичка. „Најдобриот подарок“ напиша некогашната водителка.

фото: принтскрин/инстаграм/мартинамихајловски

Веруваме дека секој момент го користи за да го помине со најмалите и да ужива во првите месеци на една од најубавите  улоги – мајка.

Останати вести од Радио Милева