Радио Милева
морски вибрации

Најбараниот бугарски топ модел се разголе на море: Николета – старлета за сите лета! (ФОТО)

Најбараниот бугарски топ модел се разголе на море: Николета – старлета за сите лета! (ФОТО)

Николета Лозанова важи за еден од најбараните бугарски топ модели, па нејзините провокативни фотографии ги сервира на Инстаграм во енормно големи порции и навистина има зошто е тоа така, кога ќе ги погледнете нејзините телесни пропорции!

Најкоментираната бугарска старлета доби нова серија коментари откако објави провокативна серија фотографии од нејзиниот одмор во Грција. На една од фотографиите се гледа дека Николета  е целосно разголена на плажа, а крајниот резултат од лежењето на сончевиот ден е  совршен темен тен на кожата. Но кој да ја гледа во грбот,  кога бринетата не престанува да го покажува задникот, иако  пред некое време еден козметички гигант во Бугарија ја ангажира да рекламира парфем, но наместо нејзиниот задник тие го снимаа оној на нејзината дублерка, кој се покажа дека е на пејачката и фитнес модел Ен-Џи.

Ни Ло молчи за тоа со кого е во грчкото одморалиште, а судејќи според фактот дека е сама на нејзините фотографии, таа веројатно посочува дека никој не ја придружува.

Сепак, пристојноста мора да се почитува, па иако можеби тоа не им се допадна на нејзините фанови, Ники го облече својот едноделен костим во кој сепак изгледа привлечно како морска сирена.

Затоа реши да направи уште неколку пози, со сличен, а различен кадар… Николета – старлета за сите лета и нејзините морски вибрации во неколку слики за сите прилики.

Извор: HotNews.bg
Фото: Инстаграм принтскрин/Ксандер Романов