Радио Милева
разголена и уверена...

На Викторија Луческа еден и е малку, па мораше со двајца… за да биде секси! (ФОТО)

На Викторија Луческа еден и е малку, па мораше со двајца… за да биде секси! (ФОТО)

Македонската манекенка и топ модел Викторија Луческа откако го стокми своето видеопортфолио, тргна да ја освежи својата фотоколекција со нови фотографии. Претходно, реши телото да го украси со нова тетоважа.

Затоа згодната прилепчанка се упати правец – Струмица… Директно на тетовирање! Тату студиото и мајсторот засега на јавноста и се непознати, ама затоа познато е каков цртеж стави на себе нашата убавица!

И тоа горе десно, бочно, под десната града. А на неа, роза и триаголник… Нешто како дел од симболите на Илуминатите. Само што Лучето е далеку од тоа… Ама не е важно, важно добро и стои!

Но тоа на згодниот македонски модел не му беше доволно… Како што не и беше доволен еден, па мораше со двајца…  Да ја направи новата фотосесија, секако. Барем двајца фотографи ги  потпишуваат фотографиите. А кога е веќе во Струмица, изборот падна  на „38-ка“ и споменатото дуо фотоуметници: Коста Јованов и Столе Ангелов.

Е сега, кој  во која поза од двајцата струмичани ја…. фотографирал сексапилната прилепчанка, само тие знаат. Она што јавноста може да се види од неколкуте јавно постирани фотографии е дека пристојно си ја завршиле работата.

И тие и убавицата… Гола до половина или половина облечена, не е важно… Важно е дека е убава за око… и пожелна за душа! Секси, низ објективите на „38-ка“! Цела среќа што не е „69-ка“!

Или како што самата прилепска убавица вели:  Без оглед на тоа како изгледа една жена, ако е (само)уверена, таа е секси“.

А таа е… самоуверена! Инаку како ќе не увереше и нас дека е… сексИ?