Радио Милева
и остави се', а државата ја заборави?

На тригодишнината од смртта на кралицата Есма, нејзиниот син Симеон јавно ја прозва државата работите да ги земе во свои раце!

На тригодишнината од смртта на кралицата Есма, нејзиниот син Симеон јавно ја прозва државата работите да ги земе во свои раце!

По само три години од смртта на кралицата на ромската песна, да не беше нејзиното животоно дело, нејзината музика и песна со која го обиколи и освои светот, од Есма Реџепова Теодосиевска ќе осатнеа само сеќавањата на неа. Колку до вчера нејзиното веќно почивалиште беше оставено дна забот на времето, а од нејзиниот дом, од нејзиниот спомен музеј остана само руина. Искршен, ограбен, избербатен, уништен…

Едно од мноштвото деца кои Есма Реџепова во својот живот ги присвои и се грижеше за нив како да се нејзини, биолошки,е музичарот Симеон Атанасов. Тој не само што остана покрај неа до крајот, до последниот ден и последниот здив од нејзиниот живот, туку и го продоилжи нејзиното дело и нејзината мисија да ја шири нејзината песна, а преку тоа и ромската култура низ целиот свет  како водач и менаџер на  „Esma’s Band Next Generation“ и менаџер на единствената ќерка на Есма, Елеонора Мустафовска која кариерата паралелно ја гради и со бендот и соло под уметничкото име Малиша.

Токму на годишнината од смртта на мајката- кралица, тој  јавно се огласи на Фејсбук упатувајќи апел државата Македонија конечно да стори нешто со куќата на Есма, која таа и ја остави во наследство токму на своето родно Скопје и нејзината Македонија!

„Многу размислував дали воопшто овој статус да го напишам, но морав прво за себе, а потоа и за сите други да ја дознаат вистината. Токму на овој ден кога изминуваат 3 години од смртта на големата Есма Реџепова (мојата Мајка) јас решив да проговорам. Кога во 1991 година Стево и Есма Теодосиевски решија да се вратат во Македонија, тука да направат музеј и се што стекнале во нивните долгогодишни музички кариери да и остават на оваа држава, јас паметам дека тогашните власти на Република Србија со жалење го прифатија тоа. Нивните зборови беа: “Ве молиме да не си одете од Беолград, ние ќе ви  изградиме музеј каде што вие тоа ќе го посакате”. Сепак на инсистирање на Стево се преселивме во Скопје. И така почнаа проблемите, сигурно многумина од вас ќе се сетите на големиот наслов: “На Водно нема да чука тарабука”.

Не им дозволија да се гради музејот на Водно, иако самите беа инвеститори на се’, со пари заработени заедно со нас децата, кои што исто така имаме придонесено барем со по една цигла за тој музеј. Со големи маки им дозволија музејот да се гради на Кале. Додека се градеше, ние спиевме во камп приколка 2 години. Сите деца што беа во тоа време си заминаа јас останав бидејки немав каде одам. Некако се изгради дел од тој музеј, барем некои простории за да се сместиме внатре но требаше уште многу за да се заврши. Почина Стево, остави еден куп проблеми со кои требаше да се справува Есма, долгови за градба, мајстори, дрвени прозори од кои што дуваше бидејки беа ставени колку да се каже дека има прозорци итн. Почнавме да работиме и некако се гледаше крајот на таа градба, 860м2 и дворно место од 1300м2 не е малку, но сепак не беше се’ уште се’ завршено. Се појави видовитата Клеопатра која што и кажа на Есма: “Ја сонував дека тебе морам да ти помогнем да го завршиш музејот”. Така и беше. Дојде, се смести во куќата и поцна да работи со луге и секоја вечер собираше пари кои и ги даваше на Есма. Но на тие пари не им се знаеше трагот, веројатно дека беа земани од луѓе кои што си имаа своја мака.

Помина и тој период музејот не беше заврсен па еден ден и предложив на Есма да земеме кредит за да го заврши и да го види готов додека е жива, па тоа и се случи. Со 50.000 евра беше веќе при крај, остана само големата музејска сала каде што по некоја си желба на Стево требаше и нивните урни да бидат поставени. Ништо од тоа не се случи и сега после 3 години од како почина Есма, оваа дрзава нема никаков интерес за да го заврши тој музеј и да си го земе под своја заштита, затоа што по тестаментите на Стево и на Есма тој и припаѓа на Македонија. И додека се влечеме по судови зградата пропаѓа, таканаречените Реџепови однесоа се’ што бесе вредно, фрлија цела историја во вода, се’ што е градено со години, веќе не постои. Па би ги замолил надлежните доколку некој случајно го види овој мој пост да си ги земе работите во свои раце. Греота е и срамота пред целиот свет сто дозволуваат ова да се случува. На крај само можам да го кажам следново – Мајко не ви се исполнети желбите. Почивај во мир“ – напиша синот на Есма во своетосвоевидно јавно обраќање до државата Македонија.

И додека бирократијата се надмудрува околу законските процедури кои се’ посебни услови треба да се исполнат за куќата да може да се прогласи за музеј, домот на Есма срамно зјае руиниран, напуштен и отворен,  додека забот на времето го уништува!