Радио Милева
сеанса зад воланот

На терапија кај Дарко Јефремов: Чикашкиот камионџија како психијатар… во видеопорака им го кажа лекот на оние што „киснат“ на социјалните мрежи! (ВИДЕО)

На терапија кај Дарко Јефремов: Чикашкиот камионџија како психијатар… во видеопорака им го кажа лекот на оние што „киснат“ на социјалните мрежи! (ВИДЕО)

Чикашкиот камионџија со американска „драјв лиценца“ и македонски пасош, Дарко Јефремов, познат како Дарко Влогс постираше нова видопорака на својот Инстаграм профил. Човекот кој социјалните мрежи и го направија „ѕвезда од камионџиската кабина“, овој пат има што да им  каже токму на оние кои „киснат“ на нив.

Ним и на нивните негативни коментари, со теорија дека социјалните мрежи влијаат на психичкото здравје. Особено ако се полни со „плукање“ по разно-разни основи, негативните коментари зрачат негативна енергија која лошо влијае врз психата и психичкото здравје на оние кои ги читаат и следат!

Така, поучен од сопственото искуство, Даре – „драјверо“ , стана психолог… Море, психијатар од зад воланот!  Па, „Др. Јефремов“ испрати видеопорака за колективна терапија на нацијата која е плукачки расположена на Интернет! Чарето од првата видеосеанса од камионџиската кабина е содржано во епилогот на видото.

„Олабајте“! – кратко и јасно, со еден збор нашиот „Фројд од Чикаго“ им го кажа лекот на зависниците од социјалните мрежи! Патем, препишаната терапија до нив, а препорачана превентивно и до сите други што живеат за лајкови, гласи:

Ама како што во секое правило постојат исклучоци, „чикашкиот психијатар“ уште во стартот се огради од две личности на кои терапијата не делува.

Непишано правило е дека секој лекар баш и не се држи до правилата и протоколите во медицината, кога е самиот тој во прашање, па така и „Др. Јефремов“ се оградил од самиот себеси… И уште само од една личност, која според него, негативната енергија не ја допира или што би рекле, „мува не го лази“… Не барем кога се во прашање негативните коментари! И неговите и оние против него! Во прашање е Сергеј Варошлија!

Кој сфатил-сфатил… Кој не, ќе мора „на терапија“ лично кај камионџијата… На сеанса во кабина… зад воланот!