Радио Милева
бајката заврши?

На своите Инстаграм профили  „заколнатите инстаграмџии“ веќе некое време не постираат заедничка љубов: Љупка Митрова и Дарко – Спејко повеќе не се заедно?

На своите Инстаграм профили  „заколнатите инстаграмџии“ веќе некое време не постираат заедничка љубов: Љупка Митрова и Дарко – Спејко повеќе не се заедно?

Љупка Митрова и Дарко – Спејко… љубовна двојка како од бајките! Оспорувани, озборувани, осудувани, прекорувани… од едни, фалени, одобрувани, охрабрувани… од другите. Љубовна двојка полна со контроверзи, која и покрај сите позитивни и негативни епитети, успеваше да им одолее на сите удари на околината и јавноста.

Веројатно затоа што нивната љубов беше навистина голема, а страста уште поголема… Две сродни души, барем според она со што се занимаваат, но веројатно и по многу други нешта што ги врзуваа(т) направија нивната врска да биде единствена по многу нешта.

Но дали се што е убаво има крај, па и нивната љубовна идила ја доживеа истата судбина? Иако неодамна  Љупка на прашање од своите Инстаграм обожаватели ги негираше шпекулациите дека повеќе таа и нејзиното момче не се заедно, сепак, како да не сакаше да даде конретен одговор. Експлицитно ДА или НЕ – немаше, туку само одговор во завиена форма, од која можеше само да се насети  дека нешто не штима, ама таа сепак му дава простор „да се наштима“.

„Наштимана или не“ љубовната бајка на Љупка и Спејко полека како да станува јасно дека станува минато кое ќе остане само во нивните спомени. Барем такви се индикациите кај обајцата.

На своите Инстаграм профили „заколнатите инстаграмџии“ веќе некое време повеќе не постираат заедничка љубов. Не барем на фотогарфии, на кои се воглавном сликани сами, рекламирајќи разни брендови, производи, ивенти…

И на неговиот и на нејзиниот „фото прозорец кон светот“, повеќе го нема оној  другиот, со кој претходно се фотографираа секогаш, секаде и во секоја прилика… И работно и приватно!

А и последните коментари или постирани цитати на сексапилната струмичанка некако наведуваат на тоа дека рокот на траење на љубовта со „Големиот брат“ од Куманово… истече:

„Најважно е да останеш професионалец и продолжиш да работиш…Јас сум благодарна на се што ми се случи“!


Вака пишува Љупка во постот покрај својот најнов фотоедиторијал направен со уметничкиот фотограф Дарко Митев. Покрај него и уште еден куп хаштази, ама во нив го нема хаштагот со неговото име – Спејко… како порано!

Сепак, вратата на љубовта секогаш останува подотворена, па …?  Ако воопшто некој некому од нив двајца и му ја затворил?!

Останати вести од Радио Милева