Радио Милева
моќни, силни и мили...

На социјалните мрежи, предизвик до предизвик… само внимавајте да не ги измешате: „Како кучката моја, нигде нема друга…“ (ФОТО)

На социјалните мрежи, предизвик до предизвик… само внимавајте да не ги измешате: „Како кучката моја, нигде нема друга…“ (ФОТО)

Корона вирусот и неговото експресно ширење не затвори сите дома… И додека светот бара начини како да се справи со пандемијата од чумата на 21-от век, ние  бараме начини како да си го олесниме животот во изолација. Да ни биде што педноставен, попопријатен, поподнослив, позабавен…

И да не се интернетот и социјалните мрежи, веројатно до сега наместо корона, ќе имаше „жртви од друг вид“… Вака, како-така, полесно се турка денот, а Бога ми и ноќта…

Една од главните забави на социјалните мрежи станаа поставувањето предизвици. Отвори Фејсбук, Твитер Инстаграм и има што да видиш… Предизвик до предизвик…


Од споделување фотографии кога сме биле деца или многу млади, преку невестински фотографии од свадба, фотографии од матура, фотографии во бикини, фотографии од која каква домаќиннка е и што умее да зготви… Ама буквално, предизвик до предизвик.

Најновите два, од пред ден -два. Првиот, фотографија од својот пес, домашно милениче, галениче, љубимец… Како сакате, важно да е моето куче.

Вториот фотографија од самата себеси, ама претставена како моќна и силна жена пред завесата… не буквално, онаа што ти виси дома на корнизот пред прозорците, туку фигуративно, пред завесата од бариери, забрани, завесата на женска потчинетост и дискриминација…

И едниот и другиот, како по правило го прифаќаат и познатите личност, јавните фаци, естрадни ѕвезди… Пејачки, актерки, новинарки, водителки и водители, режисери, кореографи… Ги има од сите јавни еснафи.

И лавината тргнува… „Фрчат“  фотографии по Фејсбук и Инстаграм… Кученца, пци и кучки- колку сакаш. Социјалните мрежи – поплавени  од домашните миленици…  и нивните сопственици!

Од друга страна, „друго цунами“ ги зафаќа социјалните медиуми, како што ги нарекуваат, иако не се. Ама затоа се полнат со најдобрите женски фотографии – од себе си! Силните и моќни жени,односно сите кои себе си се сметаат за такви застанати пред „завесата на новиот предизвик“!

И во целата таа поплава на „предизвици“, на силни пци, моќни кучки и слатки мили жени… или ќе да беше обратно, внимавајте и Вам да не ви се случи, да го помешате предизвикот.

Како што еден корисник на Фејсбук напишал: „Како ‘кучката’ моја, нигде нема друга…“ – па ставил фотографија од… жена му, која од разбирливи причини ја заменивме… со друга!

 

Останати вести од Радио Милева