Радио Милева
монструозна порака

На социјалните мрежи осамна умереница на „Бора – Чорба“ (ФОТО)

На социјалните мрежи осамна умереница на „Бора – Чорба“ (ФОТО)

На социјалните мрежи се појави умреница на која беа напишани отворени закани со смрт на популарниот рокер и фронтмен на групата  „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ.

Со болката во срцето, ги известуваме сите почитувачи на “Рибља чорба” дека на 19 април, ненадејно почина Борисав Бора Ѓорѓевиќ, на 67-годишна возраст, поради тоа што потпаднал под нозете на најголемиот предавник на земјата Србија.

Погребот ќе се одржи со генерален бојкот на секоја негова следна изведба, албум и песна. Ожалостени: Некогаш големите фанови на групата “Рибља чорба” – се наведува во текстот на посмртната плаката.

Умреницата со текстот „божемната“ смрт на Бора ја објавил на својата Твитер профил функционерот на Српската Напредна Странка (СНС), адвокатот Владимир Ѓукановиќ, со зборовите:

„Каков идиот мораш бидеш, за да направиш вакво нешто? Помогни им Господе, не знаат што прават“.

Останати вести од Радио Милева