Радио Милева

На семеен одмор: Мелита за првпат ја покажа мајка си (фото)

На семеен одмор: Мелита за првпат ја покажа мајка си (фото)
фото:инстгарам/мелита

Мелита е една од најактивните корисници на социјалната мрежа Инстаграм, а тоа особено се интензивира секое лето.

Така е и оваа летна сезона која Мелита ја почна рано, а веројатно ќе ја заврши меѓу последните.

За поранешната водителка топлото време задолжително се минува на плажа на некоја атрактивна дестинација, а ги менува само хотелите и друштвото.

фото:инстаграм/мелита

Овој пат, овој месец август е на уште едно патување, односно таа моментално е во Неа Флогита- Грција, заедно со својата ќерка Барбара и баба Виолета, одосно мајката на Мелита.

Таа за првпат пред своите следбеници покажа како изгледа нејзината мајка и како уживаат заедно на смејниот одмор на море.

Коктели, вино, кафе, храна, плажа, сончање и секако многу љубов.

фото:инстаграм/мелита

Госпоѓа Виолета е вистинска дама која позираше за својата ќерка со насмевка и крената чаша во знак на здравица.

Останати вести од Радио Милева