Радио Милева
сладок подарок за спомен

На оваа холивудска ѕвезда Атиџе и подари тегла мед, а таа веднаш се пофали на својот Инстаграм (ФОТО)

На оваа холивудска ѕвезда Атиџе и подари тегла мед, а таа веднаш се пофали на својот Инстаграм (ФОТО)

Атиџе Муратова стана „преку ноќ“ поголема ѕвезда од холивудските… Или барем ра„рамо до рамо“ со нив, небаре им е долгогодишна другарка. Од гледање на кафе, преку дружење со нив до размена на подароци.

Така, по Сара Џесика Паркер, уште една светска филмска ѕвезда се пофали на својата „блиска средба од меден вид“ со нашата харизматичана Атиџе.

Имено, холивудската актерка Џејми Ли Кертис на својот Инстаграм профил на кој ја следат преку два милиони фанови од целиот свет, прва се пофали дека добила подарок од Атиџе.

„Изненадување. Директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив: „Половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна. Ако сѐ уште не сте го гледале „Медена земја“, ве повикувам да одите! – напиша славната актерка под фотографијата со подарокот.

Кертис уште пред доделувањето на Оскарите, на своите профили на Инстаграм и на Твитер ги напиша впечатоците за документарниот филм „Медена земја“:

„Колку совршен филм за овој момент. „Медена земја“ е зачудувачки. Алчност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Упорност. Запрепастена сум од него“ напиша Кертис.

Останати вести од Радио Милева