Радио Милева

На Милица Тодоровиќ и застуди, па од себе направи модна катастрофа (фото)

На Милица Тодоровиќ и застуди, па од себе направи модна катастрофа (фото)
foto:printscreen/instagram

На половина месец пред дочекот на Новата година, како кај нас, така и во регионот се снимаат новогодишните емисии кои ќе се емитуваат за време на највозбудливата ноќ во годината и наредните празнични денови.

Српската естрада деновиве снимаше новогодишна емисија, а меѓу многуте пејачи беше и Милица Тодоровиќ.

Таа се појави во светкава тоалета со шлиц, надополнета со ремен и елегантни високи потпетици. Дамите многу добро знаат колку е тешко да се биде повеќе време на високо, а бидејќи ваквите снимања траат долго, на Милица не само што и беше неудобно, туку и и застуди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Todorovic (@milicatodorovicofficial) on


Па така, срам, не срам, ги соблече потпетиците и реши да си ги згрее стапалата со плетени едноставни чизмички. На фотографијата која се најде на Инстаграм, се гледа што има на нозете пејачката, а од страна на фустанот ѕирка и едната обувка во која не издржа.

printscreen instagram

Во вакво издание таа изгледа лошо, бидејќи овој модел на чизми во никој случај не одговараат со свечениот фустан. Но кога човек има мака, го прави и ова.