Радио Милева

На Карлеуша и „пукна филомот“: „Јас провоцирам деца од 10-11 години, што да очекувам понатаму?!“

На Карлеуша и „пукна филомот“: „Јас провоцирам деца од 10-11 години, што да очекувам понатаму?!“
foto:инстаграм

Ексцентричноста, провокацијата и нагласениот сексапил се дел од имиџот на српската пејачка Јелена Карлеуша, која како ѕвезда може да си го дозволи тоа.

Секој има право тоа да го сака или не, исто како што таа има за право да се претставува во издание какво таа смета дека бара сцената од нејзината кариера.

Па така, на својот Твитер профил таа објави порака до родителите да внимаваат на своите деца, откако доби скандалозна порака од малолетник кој и напиша дека сака да и го лиже задникот.

Но приказната не заврши туку, туку продолжи засилено. Карлеуша денес повторно се огласи, овој пат преку Инстаграм со цел да посочи дека сега ја обининуваат дека провоцира деца и напиша:

Коменатрите поради случајот каде ги молам родителите да водат сметка за тоа што нивните деца прават на социјалните мрежи, што ми пишуваат, се главно – „Што си очекувала кога провоцираш со облекувањето?!“. Јас „провоцирам“ деца од 10-11 години? Што понатаму да очекувам од оваа средина кога возрасните оправдуваат неморално и невоспитано однесување на децата. Ние сме општество кое силуваната жена е виновна што е нападната бидејќи носела кусо здолниште. Значи деца, убивајте, го гледавте тоа на филмови, игри, тоа ве провоцира и е сосема во ред. Еве прашајте ги мама и тато. И слободно во лифт нападнете ја секси соседката, сама тоа си го барала иако имате само 10 години, порача Карлеуша.