Радио Милева

На ист ден како и снаата на Цеца, се породи и Елена Миленковска: „Добредоје Максим“

На ист ден како и снаата на Цеца, се породи и Елена Миленковска: „Добредоје Максим“
фото: Инстаграм

Македонската пејачка и учесничка во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска се породи и за првпат се реализираше во улогата на мајка.

Елена и нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ станаа родители на син за кој го одбраа името Максим.

Радосните вести ги сподели Гуте на социјалните мрежи кои не криеше колку е среќен поради новиот член на семејството.

„Ти благодарам храбро мое.  Ти благодарам што ми подари љубов, што ми подари среќа и што ми подари син. Добре дојде Максим“ напиша тој во заедничка фотографија со Елена, а под објавата се нижеа честитки.

фото: инстаграм/гутемаринковиќ

Гордиот и среќен татко веднаш започна со прослава, а неговите пријатели и колеги се појавија во неговиот стан пеејќи ја песната „Родио си син мали господин“.

фото: Инстаграм/гутем маринковиќ

Забавата продолжи во домот на Гуте и Елена,  а гостите му ја искинаа маицата на тазе печениот татко.

фото: Инстаграм/гуте маринковиќ

Инаку, во текот на вчерашниот ден се породи и снаата на Цеца, Богдана Ражнатовиќ која на свет исто така донесе син за кој го одбраа името Жељко.

За потсетување, Елена и Гуте се запознаа во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ кога и двајцата беа под менторство на Ана Бекута.

По неколкумесечна врска тие направија веридба, а на почетокот на годината склопија брак во Србија, а во февруари направија и свадба во Скопје.

Останати вести од Радио Милева