Радио Милева

На Игор Којиќ му се заканува казна: И покрај забраната на судот, објавил заедничка фотографија со малолетниот син на Северина

На Игор Којиќ му се заканува казна: И покрај забраната на судот, објавил заедничка фотографија со малолетниот син на Северина

Игор Којиќ, наводно, ќе мора да ги сноси последиците бидејќи прекршил судска одлука во врска со објавување фотографии на малиот Александар, син на неговата сегашна сопруга Северина и бизнисменот Милан Поповиќ, од нејзиниот претходен брак.


Пред неколку дена, Игор Којиќ објави на Инстаграм фотографија на која се гледа како го води за рака малолетниот Александар, со што ја прекршил привремената мерка на судот. Казната за овој прекршок е 3.000 куни, што е околу 750 евра.

 

 

Според законот, казната може да се удвои, секој следен пат кога фотографијата се објавува на социјалните мрежи. Според привремената пресуда, ниту на Северинa ниту на Игор не им е дозволено да објавуваат фотографии од малолетникот Александар дури ни преку трети лица. Мерката се однесува, покрај социјалните мрежи и на медиумите, односно весниците и телевизијата, јавните состаноци, компјутерските системи или било кој друг начин на  изложеност пред јавноста која е достапна за голем број луѓе.

 

 

Потсетуваме дека во 2017 година, на Игор Којиќ судот му забрани да објавува фотографии од Северина и синот на Милан, Александар на социјалните мрежи, но се чини дека тој тоа го игнорирал. И покрај неговата забрана, Игор продолжи редовно да објавува фотографии од денес 7-годишниот Александар Поповиќ.

Останати вести од Радио Милева