Радио Милева

На две години од неговата смрт: Тамара за Влатко Илиевски – „Ми зборуваше дека јас ќе бидам таа што ќе ти доаѓа на гроб“

На две години од неговата смрт: Тамара за Влатко Илиевски – „Ми зборуваше дека јас ќе бидам таа што ќе ти доаѓа на гроб“
фото:принтскрин/јутјуб/дејан витанов

Поминаа две години од смртта на македонскиот пејач, актер и водител Влатко Илиевски. На денешен датум, 6-ти јули претходната година, Влатко беше пронајден мртов во неговиот автомобил на булевар во скопската општина Аеродром.

Во знак на сеќавање, неговата пријателка и колешка Тамара Тодевска објави емотивен статус во кој ги опиша своите силни чувства на тага по својот најверен пријател кога го посетила неговиот гроб.

 

View this post on Instagram

 

So Vlatce Moj 😍❤️😍

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

Бев да ти запалам свеќа. На твоето вечно почивалиште. Празно и пусто. Твојата слика, неколку пива и догорени свеќи. Ја пуштив од кола твојата омилена песна, се изнаплакав како дожд што лие и си продолжив.
Ми зборуваше дека јас ќе бидам таа што ќе ти доаѓа на гроб. Не ти верував. Во многу работи не ти верував. Меѓу нив е и онаа последна реченица, “Дојди Тами да се видиме, ќе ме нема за брзо”……. Ти се изнасмеав и ти реков, ќе те барам. И си отиде.Те нема. Еве веќе две години.
Нема ден да не помислам на тебе.
На Хана и раскажувам многу често за тебе и цело време и викам колку ми е жал што не те памти. На мама другарот. Најдобриот. Никој, никогаш нема да го земе твоето место, зошто ти беше единствен. Моето сино око. Мојот најверен пријател. Мојот натапиран скакулец, мојот Влатче.
Вечна ти слава!!!

Инаку, таткото на Влатко, Драган Илиевски во интервју за Нова Македонија“ најави дека во подготовка се две цедиња со песни што ги отпеал Влатко, како и монографија за неговиот професионален и приватен живот. Монографијата ја подготува музичкиот новинар Иван Беќковиќ. Во книгата ќе се користат и огромен број на исечоци од медиумски натписи за Влатко кој неговиот татко со години ги архивирал.

Останати вести од Радио Милева