Радио Милева

„На два стола не се седи“: Марјана сменета – еве која нејзина колешка водеше Лото (фото)

„На два стола не се седи“: Марјана сменета – еве која нејзина колешка водеше Лото (фото)
фото:инстаграм/принтскрин/марјана станојковска

Речиси да нема настан кој се случува во земјава, а да не го води атрактивната ТВ водителка Марјана Станојковска.

Особено неприкосновена е на музичките фестивали, а бидејќи изминатиот викенд се случуваше 34-то издание на „Макфест“, Марјана три вечери беше задолжена како домаќинка на сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

Арно ама Марјанче не можеше да се клонира и истовремено да биде на две места, одосно во исто време да води во живо пред камерите од Скопје и од Штип.

фото:мето мах/инстаграм/марјана станојковска

Како што им е добро познато на сите, особено на играчите на Лото 7 на Државна Лотарија на Македонија, Марјана секоја сабота е онаа која ги води низ играта и ги соопштува среќните броеви.

фото:инстаграм/марјана станојковска

Кога Стојановска е презафатена, тогаш мора да и се најде замена, а овој пат таа улога и припадна за првпат на нејзината колешка Милена Антовска-Станковска, која со своето долгодогишно искуство на телевизија, одлично се снајде како заменска водителка, секако само додека колешката не се ослободи.

фото:инстаграм/милена антовска-станковска

Облечена во тесен зелен фустан со впечатлив карнер, Милена блескаше пред камера, а по објавената фотографија на Инстграм и порачаа дека и оваа водителска позиција одлично и лежи.

Останати вести од Радио Милева