Радио Милева
Вредно момче

На Аца Лукас неодамна му ја одземаа возачката дозвола, а сега нема ни на крај памет да ви падне кого го ангажираше за личен возач (фото)

На Аца Лукас неодамна му ја одземаа возачката дозвола, а сега нема ни на крај памет да ви падне кого го ангажираше за личен возач (фото)
фото:аца лукас/инстаграм принтскрин

Пред неколку дена, Аца Лукас рече дека ангажирал приватен возач на кого исто така му изнајмил стан во зградата каде што живее, а како што сега се наведува во српските медиуми, тоа е всушност синот на пејачот Лазар Вуксановиќ.

Бидејќи му е забрането да вози автомобил во следните седум месеци поради возење во пијана состојба, пејачот најде решение – ангажирал возач, неговиот син Лазар, пишува „Информер“. На неговиот наследник нема да му биде тешко да добие нова работа, бидејќи претходно работел за некои колеги на Лукас.

фото:инстаграм принтскрин

– Лазар е многу добро момче и веќе работеше како возач во „Гранд“. Тој беше одговорен, точен и секогаш возеше совесно. Сите го фалеа дека не е арогантен. Тој само молчеше и работеше. Подоцна се вработи во здружение на такси, а сега ќе работи за неговиот татко. Тој е многу вреден и воопшто не го користитоа што негов татко е Аца Лукас – вели изворот на овој медиум.

– Лазар живее во истата зграда во Вождовац како Лукас. Неговиот татко изнајмил стан на првиот кат. Тие се заедно цело време. Времето го поминуваат играјќи игри „сони“. Кога Лукас беше уапсен за возење во пијана состојба, тој му се јави на Лазар и му рече дека отсега работи за него како возач. Веднаш се согласи и веќе започна да го вози на телевизиски емисии – тврди изворот.

Да потсетиме, Аца Лукас беше уапсен минатата недела за возење под дејство на алкохол, поради што возачката дозвола ќе му биде одземена седум месеци. Како што рече, платил казна од 5000 динари за тој прекршок и ја призна вината.

Останати вести од Радио Милева