Радио Милева

„Мора да плати за своите грешки“: Снежана Ѓуришиќ шокираше со изјавата за синот

„Мора да плати за своите грешки“: Снежана Ѓуришиќ шокираше со изјавата за синот

Започнаа снимањата на новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, кои знаат да траат и по шест часа дневно. А тоа не и преставува проблем на Снежана Ѓуришиќ која е дел од продуцентското жири.

Снежана заедно со нејзиното момче, гинекологот Вања Милошевиќ се појави на концертот на Илда Шаулиќ,а во интервју за „Ало“ прозбори за љубовната врска и за синот.

„Некое време не сакаваме заедно да се појавуваме во јавност. Тоа беше наше право, но подоцна сфативме дека не треба да се криеме бидејќи и двајцата сме јавни личности. Мораше да дојде и до тој момент кога ќе не видат заедно. Откако сме заедно немавме никаква криза, одлично се согласуваме, се надевам дека ќе потрае, вели Снежана.

фото: месанори јошида

Иако има успеси на приватен и професионален план, сепак последните неколку месеци таа имаше проблеми со нејзиниот син Марко.

„Марко е мое дете, какво и да е, мое е. Јас можам да кажам се и сешто за моето дете, но ако некој друг каже нешто ќе има работа со мене. Направи многу грешки и сега плаќа за нив, како и сите други луѓе. Мене како мајка ми е тешко, вели пејачката за Ало.