Радио Милева

Моќно во црвено: Сузана Гавазова направи уникатна фотосесија со ќерките за Денот на независноста (фото)

Моќно во црвено: Сузана Гавазова направи уникатна фотосесија со ќерките за Денот на независноста (фото)
фото:сузана гавазова/инстаграм/принтскрин

Фолк пејачката Сузана Гавазова за Денот на независноста на Македонија имаше посебна честитка до својата земја.

Имено, таа направи специјална и тематска фотосесија по тој повод која се реализираше на Цареви кули над нејзината родна Струмица.

Во проектот беа вклучени и иејзините две ќерки, кои исто како и мама носеа впечатливи црвени фустани во кои изгледаа моќно и доминантно.

-Mоже да те одречат други да те предадат можат сешто да измислат само ти си бесмртна жива вода подземна кај што тонеш ти извираш. Да живее Македонија! Среќен празник Македонијо! – пишува Сузе во описот на фотографиите каде го вее македонското знаме.

Гавазова се зблагодари и до целиот тим кој работеше на фотосесијата. Видетото кое е во изтаботка на ИН продукција, фустаните се на Златко Јовановски, фризурата на Александар Тошев и шминката на Ана Ивановска.

Останати вести од Радио Милева