Радио Милева

„Мој драг и сакан“: Калиопи јавно му го честиташе роденденот на екс-сопругот, актерот Васил Зафирчев (фото)

„Мој драг и сакан“: Калиопи јавно му го честиташе роденденот на екс-сопругот, актерот Васил Зафирчев (фото)
фото:dzole_photography/васил зафирчев/инстаграм

Не е тајна дека поранешните сопружници, пејачката Калиопи и актерот Васил Зафирчев одлично функционираат како пријатели и по разводот, а тоа досега неколкупати јавно го докажеле и покажале.

Таков беше случајот и сега, а поводот беше роденденот на Васил кој се случи изминатиот викенд.

Шармантнниот Завирчев роденденот го прослави во ресторан во мало одбрано друштво, а меѓу присутните беше и Калиопи. Освен тоа, таа и преку социјалните мрежи му упати јавна роденденска честитка во која му напиша:

 

-Биди секогаш среќен мој драг и сакан Зафирчев! – пишува Калиопи во честитката, а истата ја сподели и тој на својот профил.

Инаку, Васил зачекори во петтата деценија од животот, односно наполни 40 години.

фото:васил зафирчев/инсатграм

-Драги мои, ви благодарам од срце на убавите честитки по повод мојот 40-ти роденден. Возвраќам со најискрена желба за ваша секогаш среќна сегашност, оти животот е вечна сегашност. Едно големо овде и едно долго, долго сега. Затоа секогаш бидете овде и сега за вас и за оние кои ги сакате и кои ви значат, напиша во описот на фотографијата на која пред себе има роденденска торта.

Останати вести од Радио Милева