Радио Милева

Модна екстаза: Алесандра Амбросио го покори Кан со најсексапилното издание (фото)

Модна екстаза: Алесандра Амбросио го покори Кан со најсексапилното издание (фото)
фото: „GettyImages“

Канскиот филмски фестивал на едно место собра бројни ѕвезди познати на широката популација, кои воодушевија со своите раскошни, помпезни и бајковити тоалети во кои гледаше целиот свет.

Накратко кажано, одржаа моден час. Меѓутоа, втората вечер, беше сосема друга приказна.

фото: „GettyImages“

Иако на отворањето брилираше во бел фустан како од бајка, за вториот ден реши да ги остави сите без зборови.

Бразилскиот модел Алесандра Амбросио се појави во црвен фустан кој повеќе откриваше отколку  што покриваше, но во ниеден момент не следеше гаф кој сигурно многумина го чекаа.

фото: „GettyImages“

Совршената секси тоалета ги откриваше нејзините извајани нозе, но како се поместиваше, нејзините колкови откриваа се повеќе и повеќе.

фото: „GettyImages“

Едно е сигурно, Амбросио дефинитивно го освои вниманието на црвениот килим во Кан.