Радио Милева

Моден погодок или модна утка: Македонските јавни личности „на мета“ кај Сергеј Варошлија (видео)

Моден погодок или модна утка: Македонските јавни личности „на мета“ кај Сергеј Варошлија (видео)

Изминатиот викенд во Штип се одржа триесет и третото издание на музичкиот фестивал „Макфест“, на кои учестуваа македонски изведувачи, а победата ја однесе Антониа Гиговска.

Разни модни комбинации, некои со могоден погодок, а некои со модна утка се појавија на сцената во Штип.

Модниот критичар Сергеј Варошлија во својата емисија го даде својот моден суд за неколку јавни личности.

За водителката Марјана Стојановска која ги водеше трите фестивалски вечери имашо позитивни коментари.

„Морам да признам дека има искличителен фустан. Перфектно и стои фустанот, одлична боја.Совршено ја прати нејзината линија на тело, одлично и стои и доликува ваков фестивал. Ова е тело од милион долари“, изјави Сергеј за водителката.

За Дани Димитровска, Сергеј истакна дека успеала да ја доведе линијата до совршенство.

„Носи многу добра, многу интересна креација. Ми се допаѓа тој сив, минималистички фустан. Посебно ми се допаѓа делот кај рамењата. Одлична коса, одличен „make up“, искоментира модниот критичар.

„Лина ја имаме во црн костим. Одличен коса, одлична „make up“. И многу ми се допаѓа тој црн минималистички изглед, изгледа креативно“, изјави Сергеј за Лина Пејовска.

Пофални зборови имаше и за Антониа Гиговска, која оваа година победи на Макфест.

„Има црн фустан, ми се допаѓа должината. Ја имаме нејзината коса и нејзиниот „make up“. Не е агресивен, а косата и е перфектно стилизирана. Не можам да кажам дека не ми се допаѓа. Добар е изгледот , но не е за 10ка. Следниот пат по креативно“, изјави модниот критичар.

Варошлија имаше и модни критики за одредени претставници, а целата емисија погледнете ја видеото подолу.