Радио Милева

Многу успеси со семејството: Зоран Ванев се пофали со синот, па порача дека има причина за славење (фото)

Многу успеси со семејството: Зоран Ванев се пофали со синот, па порача дека има причина за славење (фото)

Сигурно се сеќавате на македонскиот пејач Зоран Ванев кој е познат по песните „Ангела“, „Јужна пруга“, „Лила“ и некогаш беше дел од македонската музичка сцена.

Зоран заедно со неговото семејство веќе долго време живее во Цирих, а музиката не му е главна професија.

Тој во големата метропола е доктор за природна медицина, а неговата клиника е една од најпосетуваните во светот. Меѓутоа, во една прилика истакна дека кога има можност пее на одредени и професионални настани.

Зоран и неговата сопруга Лидија се повеќе од 20 години во брак и уживаат во семејната хармонија.

Неодамна тие имаа причина да слават и да бидат горди родители. Имено, нивниот син добил диплома за трговец.

„Драг синко, ти честитам на положување на испитот за диплома за трговец. Во иднина повеќе успеси со семејството“, напиша пејачот на Фејсбук и објави неколку семејни фотографии.

 

фото: Фејсбук